Пребарувај по датум:
2022-11-25

Предизвици во Миграциските политики и хуманитарната асистенција

На 24 ноември се оддржа НАЦИОНАЛНА ПАНЕЛ ДИСКУСИЈА на тема:

,,Предизвици во Миграциските политики и хуманитарната асистенција во Северна Македонија“.

Домаќин на панелот беше Црвен крст на град Скопје-Црвен крст на РСМ.

Целта на истиот беше истакнување на влијанието на промените на политиките преку хуманитарна дипломатија и адвокативност. Црвениот крст со своите капацитет и искуство е лидер од хуманитарен аспект кога станува збор за мигарции. На панелот присуствуваа преставници од државните институции како МВР, МТСП, ЦУК, Град Скопје, Завод за социјални дејности, ЈУ Меѓуопштински Центар за Социјална Работа како и МЗМП. Во приликата се презентираше  “Анализата на одговорот на Црвениот крст на РСМ на мигрантската криза во РСМ 2015-2022” изработена од страна на група автори од Црвен крст во која се резимирани позитивните и негативните искуства во изминатите неколку години, на Црвениот крст но и на државниот систем како и можностите и опции за нивно подобрување.

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.