Пребарувај по датум:
2022-10-12

Биди причина за нечија насмевка

Под мотото ,,Биди причина за нечија насмевка’’волонтерите на Црвен крст на град Скопје и 5-те Општински организации на Црвен крст на територија на град Скопје од 1-7 октомври со низа активности ја одбележаа неделата на млади.

Во рамки на истата се организираше централен настан во просториите на Public room кој претставуваше Црвена зона со акцент на активности наменети за  младата популација. Преку неколкуте катчиња за ментално здравје, креативна инклузија, прва помош, друштвени игри и катче жива библиотека на кое се претставија неколку инспиративни волонтерски приказни, се промовираа клучните аспекти на младинското работење, но и забавата, дружбата и незаборавните моменти кои се пропратни во континуираните активности.

 Одбележување на неделата е со цел да се поттикнат младите за општествена одговорност и нивно регрутирање во организацијата.

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.