2022-07-27
Моќта на хуманоста
На 31 мај 2022 година, Црвен крст на град Скопје организираше дефиле на хуманоста, по повод денот на основање на градската организација на Црвен крст. На дефилето учествуваа повеќе од 1.000 лица, вработени, волонтери, корисници на услуги на Црвен крст, соработници…
На плоштадот беа поставени и штандови за донации со цел поттикнување на учесниците и минувачите на плоштадот да донираат за остварување на заедничката цел -поддршка на Ургентен центар-ЈЗУ ТОАРИЛУЦ преку набавка на наменска количка/плакар за чување и транспорт на лекови.
Количката е набавена и истата е донирана на Центарот. Пренесена е и силна порака за моќта на хуманоста на Црвениот крст и поддршката од заедницата кон заедницата, односно од граѓаните за граѓаните!