Изборен процес во Црвен крст на град Скопје
На 16 јуни, во Хотел Мериот- Скопје, реализирана беше Изборно конститутивната седница на Собранието на Црвен крст на град Скопје. Во присуство на 23 делегати и гости на седницата, избрани беа раководните органи во организацијата за мандатниот период 2022-2026 година.
За претседател на Собранието на Црвен крст на РСМ- Црвен крст на град Скопје во мандатниот период 2022-2026 год. е избран Др. Стефан Тодоров, а за потпредседател е избрана Ајтен Кадриу.
На седницата беа избрани членови на Раководниот одбор на Црвен крст на РСМ- Црвен крст на град Скопје во мандатниот период 2022-2026 год., членови на Собранието на Црвен крст на град Скопје како и претседател и членови на Финансиската Комисија.
Честитки до сите новоизбрани членови кои во наредниот период ќе дадат поддршка во реализација на хуманата мисија на Црвен крст на град Скопје, со цел помош и поддршка во заедницата, а воедно благодарност до претходните раководни органи кои дадоа придонес во работењето и развојот на организацијата.