2022-05-19
Започната обука за лични асистенти на лица со попреченост
Црвен крст на Република Северна Македонија – Црвен крст на град Скопје во рамки на програмата ,, Лична асистенција на лица со попреченост,, на 18.05. 2022 година почна со спроведување на обука за нови лични асистенти на лица со попреченост.
Новата обука за лични асистенти е седма во спроведување на циклусот на обуки за лични асистенти.
Вкупно 17 кандидати ќе бидат вклучени во процесот на обука во следните два месеци.
Кандидатите ќе стекнат знаења и компетенции за самостојно помагање на корисниците, помош и поддршка на корисникот во домот, работното место, образовниот процес и заедницата како и знаења самостојно да води ефикасна комуникација, да дава психосоцијална поддршка и учествува во социјализација и ресоцијализација на корисникот.