Волшебно Велигденско дрво
Црвен крст на град Скопје во соработка со трговскиот Рамстор Мол и оваа година успешно ја реализирашеактивноста ,,Волшебно велигденско дрво” наменета за корисниците од дневниот центар за лица со интелектуална попреченост Пролет и корисниците од центарот за церебрална парализа.
Голема благодарност до учениците од ОУ “Ѓорѓија Пулевски” кои со голема љубов ја поддржаа нашата иницијатива како и до сите членови на Црвен крст при ЈСП кои секогаш даваат неизмерна поддршка за оваа целна група.
Подароците им се доделија во трговскиот, а изведбите на жонглерите и одличната забава придонесоа за неизмерна радост и многу насмевки.
Оваа активност е една од многуте активности кои Црвен крст на град Скопје ги реализира во рамки на проект поддржан од Комерцјална банка.