Пребарувај по датум:
2022-04-19

ПОСЕТА НА ЗООЛОШКА ГРАДИНА – СКОПЈЕ

Во рамките на програмата “Дневен центар за стари лица и центар за давање помош во домашни услови” при Црвен крст на град Скопје функционираат три дневни центри за стари лица кои секојдневно се посетени од активни лица во трето доба. Лицата во трето доба можат да се вклучат во некои од активностите во дневните центри , но исто така се реализириаат и различни активности и прошетки на отворено. На ден 15.04.2022г. корисниците на овој сервис заедно со стручната служба ја посетија Зоолошката градина – Скопје како една од активностите на отворено, а со цел заедничка дружба и  нивна социјализација.

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.