Учество на меѓународен семинар на тема „Миграции и превенција од трговија со луѓе“
По покана од Црвен крст Србија, двајца наши волонтери во период од 08 – 10. 04 2022 год. учествуваа на меѓународен семинар на тема „Миграции и превенција од трговија со луѓе“. Истиот се реализираше во Белград, Р. Србија. Семинарот ги опфати областите миграции и трговијата со луѓе, но истовремено беше оставен простор и за размена на искуства и можност за понатамошна заедничка соработка. Во работниот дел, акцент беше ставен на темите “Ранливост низ мигрантската рута”, “Луѓе во движење”, “Превенција на трговија со луѓе”.
Во рамки на семинарот презентирана беше работата на Црвен крст на РСМ во областа поддршка на бегалци и мигранти како и делот на Трговија со луѓе, со акцент на превенцијата како наша област на дејствување.
Крајната цел на овој семинар беше заедничко интерактивно осмислување на идеи со кои понатаму би имало можност за меѓудржавна соработка и одбележување на темите „Миграции и Трговија со луѓе“.