2022-04-05
Волшебно велигденско дрво
Црвен крст на град Скопје во соработка со ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа и Рамстор Мол ја организира активноста Волшебно велигденско дрво.
Активноста е наменета e за корисниците од дневниот центар за церебрална парализа и центарот за лица со интелектуална попреченост ,,Пролет” и има за цел разубавување на претстојните празници
Картичките во форма на јајце се закачени на велигденското дрво кое е поставено на главниот влез во трговскиот центар. Сите граѓани кои сакаат да допринесат за исполнување на некоја од желбите, подароците може да ги остават на пултот за информации во маркетот Рамстор.
Активноста трае до 19 април а остварените желби ќе се доделуваат во самиот трговски центар.