2022-03-21
Дисеминација за секој
Со цел зајакнување на внатрешните капацитети на организацијата продолжуваме со редовни дисеминациски сесии. Истите се наменети за ново вработени лица, за практиканти, за волонтери и имаат за цел промоција на активностите, мисијата, принципите на дејствување на Движењето на Црвениот крст и Црвената Пллумесечина како и поширока дисеминација на Женевските конвенции. Дисеминациската сесија се реализираше во текот на третата недела во месец март и на истата присуствуваа повеќе од 15 лица од различни програми, Итно копче, Помагатели, Лични асситенти, ПХВ програма, волонтери…
Продолжуваме со информирање!