Пребарувај по датум:
2022-02-22

Волонтерите на проектот ,,Водич во болница“ подддршка во справување со пандемијата од КОВИД-19

Волонтерите кои се дел од проектот ,,Водич во болница“ и ги насочуваат пациентите на комплексот клиники ,,Мајка Тереза“  минатата недела се вклучија во поддршка на активностите за справување со пандемијата од ковид-19. Имено, за посетителите и пациентите се организираше дистрибуција на артикли за превенција од ковид-19(маски, средства за децинфеција и сл.) и се поделија вкупно 70 комплети. Оваа активност е една од активностите поддржани од страна на Швајцарскиот црвен крст за поддршка во процесот на вакцинација и справување со пандемијата предивизкана од ковид-19. Вкупно 10 волонтери се присутни на клиниките и даваат поддршка во континуитет за насочување на пацинтите и се теренски информатори за начините за превенција и инормирање за справување со пандемијата, која во изминатиот период го бележи еден од неколкуте пикови со кои се соочи нашата земја, а особено главниот град Скопје.

Благодарност до неуморните волонтери!

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.