Пребарувај по датум:
2021-12-23

Донација од Comodita Home за Црвен Крст на Град Скопје

Comodita Home, пред Пунктот за бездомници во Момин Поток, денес донираше 100 дупли и единечни душеци за Црвен крст на град Скопје.

Донираните душеци, во согласност со потребите, ќе биде доставена до социјално ранливи граѓани и лица во ризик, приматели на помош од Црвен крст на град Скопје .

Comodita Home со оваа хуманитарна донација за Црвен крст на град Скопје, успешно ги завршува планираните донациите под мотото „Секој сон е важен“ преку кои во 2021 година помогнато е на повеќе здравствени установи во земјава, клиники, здравствени домови.

Од име на Црвен крст и крајните корисници на донацијата, благодарност до Comodita, пример за општествено одговорната компанија која се грижи за најранливите категории во нашата заедница.

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.