Реализиран семинар за здраво стареење во заедницата
Во периодот од 10.12.2021 до 12.12.2021 во тренинг центарот ,,Солферино’’ во Струга беше реализиран семинар за здраво стареење наменет за социјални работници и негуватели за помош и нега на стари лица и лица со попреченост. Целта на семинарот беше учесниците да се информираат за компонентите на здравото стареење, превентивните и ризик факторите поврзани со здравјето на луѓето во текот на нивното стареење и притоа се користеа алатки и прирачници подготвени од страна на Меѓународната Федерација на Црвениот крст и Црвената полумесечина. Учесниците имаа прилика да се запознаат подетално со незаразните болести кај старите лица, спроведување на проценка, промени во однесување, придобивки на доживотното учење како и важноста на физичката активност во процесот на стареење. За времетраењето на семинарот се почитуваа мерките и протоколите за заштита од КОВИД-19.
Тренингот беше реализиран со поддршка на Швајцарскиот Црвен Крст, кои се долгогодишни поддржувачи на оваа програма.