Одбележување на Меѓународниот ден на лица со попреченост
По повод 3 декември-Меѓународен ден на лица со попреченост, Црвен крст на град Скопје организираше дружење со корисниците од Дневниот центар за лица со интелектуална попреченост “Пролет” и корисниците од Центарот за церебрална парализа.
Во киното Cineplexx во City Mall, го гледаа филмот Clifford и уживаа во друштво на волонтерите. По завршување на филмот, кој го следеа со големо внимание, ни се придружи бендот 2Be кој отсвири и отпеа неколку песни по нивна желба.
Благодарност до кино Cineplexx кои ни овозможија да имаме исполнето и весело дружење, но и на поинаков начин да го одбележиме денот на лица со попреченост како и родендените на двата дневни центри.
Активноста е една од многуте кои Црвен крст на град Скопје ги имплементира во рамки на проектот поддржан од Комерцијална банка, а е во насока на поддршка и социјална инклузија на лицата со попреченост.