Пребарувај по датум:
2021-10-18

Водич за користење на социјални медиуми

Во Oперативниот центар на ЦКРСМ за дел од активните волонтери на Црвен крст на град Скопје се организираше обука на тема ,, Водич за користење на социјални медиуми”.

Преку презентација но и отворена дискусија им се дадоа насоки како треба да се однесуваат на социјалните медиуми додека се ангажирани или пак волонтираат, односно додека го носат амблемот на Црвен крст. Самата обука се следеше со големо внимание и секој од учесниците имаше можност да сподели свое лично искуство.

Посебен впечаток на сите им остави прирачникот кој е наменски изготвен за волонтерите со цел почитување на принципите и дадените препораки и насоки за однесување на социјалните медиуми.

Обуката ќе им овозможи да постигнат повеќе но и дадат поголема поддршка и помош секаде каде се потребни како волонтери.

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.