Пребарувај по датум:
2021-08-11

Летен камп – Моето срце во сите бои

Црвен крст на град Скопје во соработка со клиниката Жан Митрев и оваа година од 03-09.08 во х.Солферино, Струга  го реализираа летниот камп ,,Моето срце во сите бои” наменет за деца со вродени срцеви аномалии кои претходно имаат направено интервенција во болницата со цел психосоцијална поддршка на семејствата.

Активна поддршка во текот на целиот камп беа волонтерите на Црвен крст на град Скопје кои заедно со физиотерапевт од клиниката, преку игри и вежби успешно ги вклучија децата и родителите во активностите за поттикнвање на талентите на децата.

На овој камп, се организираше и едукативна  работилница со доктор од клиниката посветена на ВСА и нивното влијание врз натамошниот раст и р азвој на децата. Исто така, се имплементираа работилници со тимот психолози од клиниката Жан Митрев.

Она што претставува особено задоволство е близината и меѓусебното поврзување на децата и родителите како група за поддршка. Кампот дефинитивно се одликува со континуирана позитивна енергија, љубов и многу насмевки.

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.