ONLINE КОНФЕРЕНЦИЈА НА ТЕМА: ИНФОРМИРАЈ СЕ! ТВОЕ ПРАВО, ТВОЈА СИГУРНОСТ!
Поддршка од страна на Црвен крст на град Скопје во процесот на вакцинација
На 11.05.2021 во рамките на Неделата на Црвен крст на РСМ, Црвен крст на град Скопје, со поддршката на Швајцарскиот Црвен крст, организираше online конференција на тема: Информирај се! Твое право, твоја сигурност! со д-р.Кунгуловски. Конференцијата имаше за цел овозможување на правото на пристап до информации од проверени извори за сите граѓани, а поврзани со вакцинација против КОВИД-19.
Граѓаните од целата држава имаа можност да поставуаат прашања директно до д-р.Кунгуловски на самиот настан и пред настанот преку фрома за пријавување. Настанот беше посетен од страна на 100 учесници а до ЦКГС пристигаа повеќе од 80 прашања.
ЦКГС смета дека одлуката за вакцинација е индивидуално право на секој од нас, земајќи ја во предвид колективната одговорност и поддршката која Црвениот крст во целиот свет ја дава на процесот на имунизација.