Соработка со Црвен крст Телемарк
Црвен крст на град Скопје од 2017 година е во твининг програмата со Црвен крст Телемарк од Норвешка. Соработка донесе поинаква перспектива за начинот на кој две организации во рамките на Црвен крст може да соработуваат. Меморандумот за соработка беше потпишан за одреден временски период, со годишно планирање на активности, поставување на главна цел која се реализира преку годишни цели. Во првите 3 години од соработката, многу волонтери и професионалци од двете земји имаа можност да бидат дел од програмата, да патуваат во Норвешка или да дојдат во Македонија, да разменат искуство и да стекнат нови вештини. За жал заради светската пандемија со Корона-19 и оваа програма беше реорганизирана. Во 2020 година се организираа неколку онлајн средби со цел меѓусебна поддршка за полесно надминување на состојбите како и размена на искуства за поголемо ублажување на последиците за населението. На 08 февруари се одржа уште една онлајн работилница на која беа презентирирани искуствата од целата Твининг програма пред преставник на Норвешки Црвен крст со цел изнаоѓање на заеднички решенија за продолжување на соработката.