2020-12-28
ПОДДРШКА ЗА ШТИТЕНИЦИТЕ ОД ДОМОТ ЗА СТАРИ ЛИЦА МАЈКА ТЕРЕЗА ВО ЗЛОКУЌАНИ
На ден 28.12.2020г. тимот на прокетот „Дневен центар за стари лица и центар за давање помош во домашни услови” по повод престојните Новогодишни празници подарија 65 пакетчиња за штитениците од ЈЗУ Специјализирана болница за геријатрија и палијативна медицина„ 13 Ноември” – Дом за стари лица „Мајка Тереза” во Злокуќани . Со следење на протоколите и мерките за спречување на пандемија од КОВИД-19, пакетчињата беа поделени во дворот на домот со надеж дека следната година ќе ги посетиме со корисниците од нашите дневни центри. Продолжуваме понатаму и во 2021 година со заедничката соработа.