Сподели радост
Нашите пријатели и верни поддржувачи од компанијата Fashion group заедно со клуб на млади при Црвен крст на град Скопје споделија радост во центарот за церебрална парализа и центарот за интелектуална попреченост Пролет. Со голема љубов и внимание ги изненадија корисниците и им поделија подароци од нивните брендови. Секако музиката и овојпат беше неизбежна , а за тој дел се погрижија талентираните Симеон Коруноски и Јана Спирковска кои се воедно и волонтери во одделот млади. Среќни и задоволни сите заедно чекаат повторна средна со многу забава и повеќе насмевки. Уште една голема благодарност до компанијата Fashion group која секогаш дава поддршка онаму каде таа е најпотребна.
Младите на Црвен крст на град Скопје во рамките на проект поддржан од Комерцијална банка имплементираат годишна програма наменета за корисниците од двата дневни центри.