Пребарувај по датум:
2020-11-03

Едукативни работилници за превенција од трговија со луѓе

Како дел од планираните активности за одбележување на 18 октомври- Европски ден за борба против Трговија со луѓе, во Црвен крст на град Скопје реализирани беа три едукативни работилници.

Обучен врснички едукатор, реализираше онлајн работилница за членовите на Клубот на млади, а во рамки на ПТЦ Винојуг, за членовите на  мобилен тим Липково и тим Табановце  и за претставници на ИОМ, МТСП и МЗМП се одржаа едукации со фузичко присуство од страна на обучени членови од мобилните тимови. Целта на истите беше да се претстави поимот трговија со луѓе, нејзините облици , фази како и начините како истата може да се превенира. Од страна на присутните, беа препознаени и коментирани одредени облици на ТЛ, а членовите на мобилните тимови споделија искуства во однос на работата со ирегуларни мигранти, како и мигранти сместени во рамки на ПТЦ Винојуг и Табановце. Посебен акцент беше ставен и на институционалниот пристап и системот за препраќење до соодветни, надлежни организации и институции.

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.