2020-10-26
Есенска работилница
Волонтерите од Клуб на млади при Црвен крст на град Скопје заедно со корисниците од дневниот центар за интелектуална попреченост над 18 години Пролет и центарот за церебрална парализа реализираа есенска креативна работилница. Изработуваа слики со есенски мотиви како и најразлични есенски плодови од пластелин и како секогаш одлично се забавуваа и радуваа на успешните изработки . Преку овие работилници кои се дел од проектот поддржан од Комерцијална банка корисниците ја подобруваат моториката, но и имаат можност за промена на своето секојдневие и дружење со свои врсници.