Дисеминација
Програмската структура за дисеминацијата претставува основен и составен дел на сите програми и проекти и е од големо значење за Црвениот крст, бидејќи овозможува приказната за настанокот на Црвениот крст да се шири, принципите по кои движењето се води и сите важни информации за неговите активности да стигнат до што повеќе граѓани, со цел да се разбуди желбата за помагање на оние на кои помошта им е најпотребна. Секоја година се реализираат:
- Работилници со младите од клубот на млади на Црвен крст на град Скопје;
- Работилници со лицата од трето доба;
- Работилници со најмладите од градинките;
- Работилници на сите потенцијални поддржувачи и донатори;
- Работилници-дисеминациски сесии организирани за самите вработени во организацијата;
- Работилници-дисеминациски сесии организирани за практикантите во организацијата;
Пакетот на дисеминациската сесија подразбира обука за историјатот на организацијата, принципите, Женевските конвенции, улогата на основоположникот Анри Динан, правилна употреба на амблемот, почитување на истиот како и правила кои важат за секој волонтер и професионалец особено додека ја носи униформата на која е поставено логото.
На годишно ниво преку 400 лица се обучени за организацијата и се запознаени со активностите кои се рализираат во Црвениот крст.