Пребарувај по датум:
2019-12-30

Поддршка за бездомниците

Поддршка за бездомниците

Во пресрет на новогодишните празници, на 25 декември во Пунктот за бездомници на Црвениот крст во Момин Поток, се поделија 70 новогодишни пакети со топла облека што претставува подготовка за студениот период за оваа ранлива категорија граѓани.
Работењето на пунктот за бездомници е поддржано од страна на Град Скопје и веќе 11 години нуди повеќе услуги за лицата кои немаат свој дом, а има за цел да овозможи тие да ги остварат основните човекови права и да се реинтегрираат во општеството.
Заради најави на студено време, на 30 декември ќе биде отворено и привременото преноќувалиште каде лицата ќе може да пресојуваат за време на ладните ноќи.

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.