Пребарувај по датум:
2020-03-23

Донирана хуманитарна помош

Casino FlaminGo Hotel донираше околу 2 т. хуманитарна помош во овошје, зеленчук и прехранбени продукти, кои беа доставени во магацинските простории на Црвен крст на град Скопје. Истите ќе бидат доставени во Дебар, каде преку Црвениот крст ќе се дистрибуираат за ранливи категории, лица во изолација, самоизолација како последица на состојбата со КОВИД-19 во овој регион.

Донирана хуманитарна помош

Траспортот на продуктите беше реализиран од компанијата Post Express Macedonia на нивна иницијатива, како поддршка на корпоративниот сектор во новонастанатата состојба со корона вирусот во нашата земја.

#Covid19
#СедиСиДома
#ОстаниДома

Донирана хуманитарна помош

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.