Пребарувај по датум:
2020-03-17

Црвениот крст на град Скопје во соработка со Пивара Скопје формира мобилни тимови за поддршка на ранливи категории граѓани

Црвен крст на град Скопје објавува: ПОВИК за ангажирање на социјален работник

Од утре (среда, 18 март 2020), Црвениот крст на град Скопје, во соработка со Пивара Скопје, почнува со реализација на активност наменета за обезбедување логистичка поддршка на ранливи целни групи на територија на градот Скопје. Во функција ќе бидат ставени 10 мобилни тимови кои ќе бидат лоцирани на пет локации во градот, како и дополнителен тим за бездомните лица лоциран во Момин Поток.

Мобилните тимови ќе функционираат секој работен ден, од 08.30 до 12.30 часот, а нивната задача ќе биде да извршат неопходна набавка на лекови, прехранбени производи и средства за лична хигиена и истите да ги достават до домовите на старите, изнемоштени лица кои живеат сами, хронично болните лица, до семејства со лица со посебни потреби, самохрани родители и други ранливи категории на граѓани кои живеат во Скопје.

Целта на оваа активност е да им се овозможи поддршка на лицата на која таа им е најнеопходна, со што тие нема да имаат потреба да ги напуштаат своите домови и на тој начин да се намали ризикот од инфицирање со вирусот Ковид-19 (корона вирус).

Мобилните тимови ќе бидат составени од две лица од тимот за одговор при катастрофи, еден член од тимот за логистика и едно обучено лице за давање основна медицинска помош (парамедик).  Сервисната услуга што ќе ја обезбедуваат мобилните тимови ќе биде бесплатна, а граѓаните ќе одвојат финансиски средства само за артиклите или лековите кои ќе треба да им се набават. Трошоците за функционирање на мобилните тимови ќе бидат покриени од Пивара Скопје, градот Скопје и општините во Скопје.

За повикување на мобилните тимови граѓаните ќе можат да ги користат следните телефонски броеви, според местото на живеење:

  • Црвен крст Центар:                      070/297-166                       02/3115-029
  • Црвен крст Кисела Вода:            070/379456                         02/3211-417
  • Црвен крст Чаир:                            070/208383                         02/2621-924
  • Црвен крст Карпош:                     070/226136                         02/3068-806
  • Црвен крст Гази Баба:                 071/243078                         02/2529-153
  • Тим за бездомни лица                                                                 02/3096-227

Дополнително, од утре почнуваат да функционираат и две СОС-телефонски линии на Црвениот крст на Град Скопје, преку кои секој работен ден од 09.00 до 13.00 часот граѓаните ќе можат да добијат психо-социјална поддршка за полесно справување со стресот предизвикан од актуелната состојба. Старите и изнемоштените лица на кои им е потребна психо-социјална поддршка можат да се јават на телефонскиот број: 075/352-246, а останатите граѓани на телефонскиот број: 071/379-119.

Овие активности се координирани и поддржани од страна на градоначалникот на Град Скопје и од градоначалници на скопските општини.

Превземи го соопштението тука.

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.