Пребарувај по датум:

Дневен центар за стари лица (Даре Џамбаз, Чаир, Сарај)

ПОЧЕТОЦИ

Во рамките на Црвен крст на град Скопје од септември 2011 година се имплементира проект посветен на грижата на стари лица т.е. проектот: „Дневен центар за стари лица и центар за давање помош во домашни услови“. Со финансиска поддршка и искуство на Австрски Црвен крст и Австриска Агенција за равој во 2011 година започна имплементацијата на проектот на територија на Црвен крст на град Скопје и на територија на Црвен крст Велес и Црвен крст Крива Паланка. Со сервисот на почетокот беа вклучени 60 корисници кои се посетуваа во домашни услови од страна на медицински сестри и волонтери. Во 2012 година проектот во Црвен крст на град Скопје доби поддршка од страна на Градот Скопје и Министерството за Труд и Социјална Политика и компанијата ЕВН Македонија. Со новата финансиска поддршка се отворија 2 дневни центри за стари лица и тоа во ДХО ,,Даре Џамбаз“ и Црвен крст Чаир. Дневниот центар понуди поинаков концепт во проектот за имплементација на активности за активно стареење и промоција на волентаризмот помеѓу лицата во трето доба. Во 2015та година со вклучувањето на Албиз Фондација како донатор се отвори и трет дневен центар за стари лица и тоа во општина Сарај. Истовремено се започна и со теренски посети на стари лица и на територија на општина Сарај. Досега, проектот бил поддржувам и финансиран и од Шпаркасе банка и Амбасада на Р.Словачка.

ТЕКОВНИ ДОНАТОРИ

Град Скопје, Албиз Фондација и Швајцарски Црвен крст.

ЦЕЛИ И ЦЕЛНА ГРУПА

Проектот се развива и имплеметира со основна цел за развивање форми на вонинституционална заштита и обезбедување грижа и здравствена заштита на стари и изнемоштени лица.

Специфините цели на проекот се:

  • Унапредување на на квалитетот на животот, здравјето и психофизичката состојба на старите лица;
  • Задоволување на здравствени и социјални потреби на старите лица;
  • Социјализација и збогатување на степенот на едукација на старите лица;
  • Промовирање на активно стареење и активен пристап кон животот во староста;
  • Промовирање на волонтерство, вклучување на граѓаните во доброволна работа во активности од Програмите на Градот Скопје и во програмите на други организации кои нудат социјални услуги.

Целна група на проектот се стари и изнемоштени лица кои живеат сами или со својот брачен другар кои имаат потреба од медицинска и психо-социјална поддршка во домашни услови и активни стари лица кои имаат потреба од социјализација и програма за активно стареење во концепт на денвен центар за стари лица.

Во посети во домашни услови во континуитет се вклучени 195 стари лица.

Во рамките ан дневните центри за стари лица на дневна основа циркулираат по 30 и повеќе лица или во дневните центри на месечна основа се реализираа повеќе од 1000 посети.

ТЕРИТОРИЈА НА ДЕЈСТУВУВАЊЕ

Посети од страна на медицински лица се реализираат на подрачјето на 9 општини:

– Центар, Кисела Вода, Карпош, Ѓорче Петров, Чаир, Бутел, Шуто Оризари, Сарај и Аеродром.

Дневните центри за стари лица се наоѓаат на следните локации:

– ДХО ,,Даре Џамбаз“, Црвен крст Чаир и Училиште Дитурија Сарај.

УСЛУГИ

За реализација на целите на проектот наменет за старите лица кои се целна група на проектот, програмата има развиено структура за дејствување и функционирање на терен односно за давањето грижа во домашни услови.

Секое старо лица е посетено во неговиот дом од медицинско лице и волонтер еднаш во неделата или согласно со потребите. Во проектот за потребите на старите лица се инволвирани 8 волонтери и 6 медицински лица.

Корисниците кои се активни стари лица и ги посетуваат дневните центри се дел од организирана програма и за тоа се инволвирани 2 социјални работници одготовни во дневните центри за стари лица.

Услугите кои ги дава медисинското лице во домашни услови се:

  • Мерење на шеќер во крвта
  • Мерење на притисок 
  • Контакти со матичниот лекар
  • Делење на бесплатни лекови(предвидени во проектот)
  • Давање на совети за земање на терапија
  • Давање на совети за исхрана
  • Придружба на старото лице при одење на лекар.

Услугите кои ги даваат волонтерите во домашни услови се:

  • Разговори и други активности за социјализација
  • Делење на храна
  • Помош во купување на прехрамбени продукти, лекови и сл.
  • Придружба на старото лице при одење на лекар, на прошетка и сл.
  • Завршување на административни работи за старото лице.

Услуги и активности во дневен центар се:

  • Едукации на теми кои се интересни и корисни за старите лица
  • Одбележување на календарските активности на Црвен крст (Недела на срцевосадови заболувања, Недела на борба против туберкулоза, Недела на грижа за стари лица, Светски ден на старите лица и др.);
  • Организирање на друштвени и/или натпреварувачки игри (шаџ, карти, домино и сл.);
  • Одбележување на празници и родендени;
  • Организирање на заеднички прошетки;
  • Организирање на разни креативни работилници;
  • Дискусии на разни теми (книги, филмови, актуелни состојби);
  • Музички активности.

Процес на селекција на корисник во домашни услови:

Критериумите едно лице да биде вклучено како корисник во домашни услови, покрај територијата на живеење определена со проектот, е и возраста т.е. лицето да биде во периодот на трето доба и истото да живее само или со својот брачен другар.

Секој оној кој самоиницијативно ќе се пријави односно побара да биде вклучен во пректот, или истата информација ќе ситигне преку некој од центрите за социјална работа, е посетено од страна на тим на социјален работник, психолог и медицинско лице со што се запазени стандардите за проценка.

Доколку лицето се утврди дека е изнемоштено и/или има реална потреба за социјализација и нарушена здравствена состојба истото понатаму е посетено од страна на тимот на проектот.

ИТНО КОПЧЕ
Посебен транспорт за стари лица и лица со попреченост
Црвениот крст на град Скопје од 15 мај ќе започне со нудење на посебен транспорт за стари лица и лица со попречености со посебно опремени наменски возила.
ЕДУКАТИВЕН ТРЕНИНГ ЦЕНТАР ЗА ОБУКИ ЗА ВОЗРАСНИ
Центарот за обуки при Црвениот крст на град Скопје започна со работа во 2017 година. Секоја година се обучуваат околу 60 негуватели и лични асистенти, кои се стекнуваат со сертификат и со знаења, компетенции и вештини за работа во домашни услови.
Центар за прва помош – Црвен крст на град Скопје
Првата помош треба да претставува секојдневие за секој еден човек, бидејќи се применува во секој сегмент во животот- дома, на работа, на училиште итн.
Дневен Центар за лица со интелектуална попреченост над 18 години “Пролет”
Црвен крст на град Скопје во соработка со Општина Центар- Скопје, го отвори првиот Дневен Центар за лица со интелектуална попреченост над 18 години на територија на Општина Центар.
Центар Солферино
Објектот се наоѓа во Струга, на самиот брег на Охридското езеро. Центарот во Струга со комплетно новиот систем на управување и организација, претставува нов концепт во работењето на нашата организација.
Копче
„Копче“ е социјално претпријатие кое функционира од 2018 година и е место каде секој може да донира, да купи облека од втора рака или пак истата да ја добие бесплатно.
Пункт за бездомници – Момин поток
Пунктот за бездомници во Момин Поток 11 години во континуитет е единственото место каде бездомните лица добиваат услуги од доктор,социјален работник и психолог како и хигиенски и берберски услуги.
Центар за дарување крв
Во наменски адаптирана просторија во склоп на ДХО Даре Џамбаз, крводарителите имаат можност својата хуманост преку чинот на крводарување да ја покажат секој работен ден (прием на дарители) Понеделник - Петок 08:00-14:30 часот.
Планинска станица – Даре Бомбол
Тимот за спасување на планина е засебен посебно обучен и специјализиран сектор за планинско спасување и пребарување во пред се тешко пристапен терен со применување на различни техники. Константното надоградување и доедукација на тимот со сите последни начини и техники на спасување и пребарување е клучно за подготвеност за одговор во случај на итна потреба.
Дневен центар за стари лица (Даре Џамбаз, Чаир, Сарај)
Во рамките на Црвен крст на град Скопје од септември 2011 година се имплементира проект посветен на грижата на стари лица т.е. проектот: „Дневен центар за стари лица и центар за давање помош во домашни услови“.
Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.