Пребарувај по датум:
2019-07-29

Традиционална крводарителска акција по повод 26 Јули “ЗА СКОПЈЕ СО ЉУБОВ, ДАРУВАЈ КРВ- БИДИ ХУМАН ! ”

Црвен крст на град Скопје, со поддршка на Општинска организација на Црвен крст Кисела Вода и во соработка со Институтот за Трансфузиона медицина традиционално, на 26 Јули организираше крводарителска акција во знак на сеќавање на катастрофалниот земјотрес во Скопје, но и во знак на покажаната солидарноста и хуманоста на нашите сограѓани.

Крводарителската акција, која е веќе препознатлива во нашиот град, се одвиваше во Дневниот центар за дарување крв на Црвен крст на град Скопје и на истата крв даруваа 86 лица.

И со оваа акција, придонесуваме кон нашата долгорочна цел- непречено снабдување со крв и крвни продукти, како и придонес во промоција и унапредување на крводарителството на територија на град Скопје.

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.