Пребарувај по датум:
2020-01-23

Регионални работилници во рамките на ЦКА-ПХВ програма

Регионални работилници во рамките на ЦКА-ПХВ програма

Со цел добивање на подобри резултати и поголема мотивација на дисеминаторите, оваа година се организирани 4-ри регионални работилници. ООЦК беа поделени според региони и на истите присуствуваа и менторите-инструктори кои ќе дадат дополнителна поддршка на дисеминаторот кој го менторираат.
Оваа година, 10 инструктори се пријавени за ментори и секој од нив ќе менторира 3 до 4 дисеминатори.

Голема благодарност за ООЦК кои оваа година беа домаќини на работилниците.

Работилница во Штип
На работилницата во Штип присуствуваа избраните дисеминатори од ООЦК Радовиш, Валандово, Кочани, Делчево, Пробиштип, Виница, Струмица, СветиНиколе и Штип.

Работилница во Струга
На работилница во Струга присуствуваа избраните дисеминатори од ООЦК Охрид, Дебар, Кичево и Струга.

Работилница во Прилеп
На работилница во Прилеп присуствуваа избраните дисеминатори од ООЦК Демир Хисар, Неготино, Кавадарци, Ресен, Битола и Прилеп.

Работилница во Скопје
На работилница во Скопје присуствуваа избраните дисеминатори од Велес, Крива Паланка, Куманово, Тетово, Гостивар, Скопје, Карпош, Гази Баба, Чаир, Центар и Кисела Вода.

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.