Пребарувај по датум:

Ирегуларни мигранти

Мобилни тимови за хуманитарана систенција на ирегуларни мигранти

Со затворањето на т.н Балканска рута во март 2016 година која предвидуваше слободен проток на мигранти и бегалци што како транзит рута почнувајќи од соседна Р. Грција ја опфати и јужната и северната граница на Р. Северна Македонија, со оглед на индикаторите кои покажуваа дека одлуката да се затвори рутата не го сопре понатамошното движење на ранлива категорија на лица, Црвен крст на град Скопје со одлука на Главниот Штаб при Центарот за управување со кризи во август 2016 година во соработка со канцеларијата на УНХЦР во Скопје започна со имплементација на пилот проект за хуманитарна асистенција на ирегуларни мигранти, т.е лица во движење, што како проект сé уште се имплементира на северната граница на РСМ со Р. Србија во подножјето на Скопска Црна гора во рамки на општина Липково и пограничните села Лојане и Ваксинце.

Проектот за хуманитарна асистенција на ирегуларните мигранти во текот на имплентацијата ја докажа потребата од постоење на мобилен тим составен од општи доктори, парамедици, преведувачи и логистичари кои би го олесниле движењето на ранливата категорија на лица во пограничните села, ако се земе во предвид податокот дека од својот почеток, Мобилен тим Липково бележи асистенција кај повеќе од 40 000 ирегуларни мигранти.

Во рамки на проектот досега се отворени две канцеларии на Црвениот крст, и тоа во с. Лојане и с. Ваксинце каде успешно се врши прием на ранлива категорија на лица. Двете точки за контакт во пограничните села во истовреме се користат и како магацински простор за непрехранбените продукти, храна, вода и лекови кои понатака се дистрибуираат до крајните корисници.

Секако, тука се вклучени и активностите на за напоредна поддршка на ранливото локално население, едукација на жителите на двете села за подигнување на свеста за трговија со луѓе, заразни болести и превенција, како и поддршка на локалната градинка и отворање на Клуб за млади и едукација во рамки на Општинското основно училиште Рилиндја во с. Лојане. Тука се вбројуваат и донациите за училиштето во с. Сопот и донација на 3000 садници црн и бел бор како одговор на зачувување на животната средина.

Мобилните тимови освен хуманитарната асистенција, во рамки на проектот пружаат и поддршка на чистење на околината со четворица волонтери – хигиеничари и активно помагање на населението во услови на прогласен топлотен или студен бран.

Градењето доверба со локалното население и институциите на системот како клучна определба на Мобилен тим Липково придонесе за воспоставување на извонредни релации во рамките на кризниот менаџмент на северната граница и јакнење на капацитетите на Црвен крст на град Скопје, заедно со многу донатори и организации кои го поддржуваат работењето на мобилните тимови, како што се УНХЦР, Save the children, Италијанскиот Црвен крст и други.

Мобилен тим Липково т.е тим задолжен за хуманитарна асистенција на ирегуларните мигранти претставува мост за одржување и градење добри меѓуетнички односи со локалното население и претставува пример за успешна соработка на Црвениот крст со институциите на системот, локалното население и невладиниот сектор со цел намалување на ранливоста на лицата во движење.

Координатор на одделот, Сандра Томовска – skopje.lipkovo@redcross.org.mk

 

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.